Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Битиќи: Законот за нефер трговски практики ќе донесе поквалитетни и поевтини производи на трпезите

„Законот за нефер трговски практики ќе донесе поквалитетни производи на трпезите на граѓаните и поевтини од она што го имаме денес“, рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во неговото гостување на ТВ Шења.

Тој додаде дека со Законот нема да има веќе потреба државата да мора да интервенира со замрзнување на цените или профитните маржи.

Вицепремиерот Битиќи додаде дека од односот кон Законот од страна на дел од медиумите може да се види дека интересот на граѓаните е спореден, додека примарен е интересот на тие кои плаќаат за телевизиските реклами.

„Мислам дека ова ќе ја смени оваа практика и граѓаните моа да бидат информирани“, посочи Битиќи.

Битиќи потенцираше дека „не може повеќе да се толерира неправилно, неморално и неетичко однесување во време на кризи“.

„Бев дел од бизнис заедницата и ја претставував и велам дека често има некоретно однесување во начинот на работење, на сметка на граѓаните“, нагласи вицепремиерот за економски прашања во неговото гостувањето на ТВ Шења.

Тој додаде дека сега од позиција на вицепремиер вели дека тоа не може повеќе да се толерира, особено кога е неправилно, неморално, неетичко во време на енергетска, економска и здравствена криза.

„Гледате дека само мала група на бизниси, не сите, прават луди покачувања на сметка на граѓаните. Имаме поплаки од граѓаните, па мислам дека воведувањето на Законот за нефер трговски практики дојде во вистински момент“ рече Битиќи.

Вицепрмиерот додаде дека законот е согласно новата директива на ЕУ, која ги става граѓаните во позиција да се заштитат од некоректното однесување на трговците.

Треба да знаете
Moже да ве интересира