Делови од општините Гази Баба, Бутел и Кисела Вода денеска, 7 август, ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции во електродистрибутивната мрежа.
Од 6 до 10 часот без струја ќе бидат корисниците од Колонија Идризово и дел од Јурумлери во Гази Баба.
Од 8:30 до 12:30 часот прекин е најавен во селата Љуботен, Љубанци и Раштак, како и во дел од Булачани, на подрачјето на Бутел и Гази Баба. Во Кисела Вода, од 9 до 12 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците на улицата „Антон Димитров“ во Драчево.
