Директорот на германската стопанска комора: Ако ја изгубиме Србија од европскиот контекст ќе биде проблем за сите

Што се однесува до Србија имам две барања, изјави за Еуроњуз, Фолкер Трајер, извршен директор на Германската стопанска комора.

„Првото барање е јасно, недвосмислено определување за Европа и европскиот пазар. Тоа го очекува и германското стопанство. Србија е важна за Германски, германските компании овде создадоа над 80.000 работни места. Србија мора да верува во заедничкиот пат со Европа која е многу брза. Само заедно може да се соочиме со глобалните предизвици“ рече тој.

Втора, работа е, додаде Трајер, Србија како земја без излез на море, зависи од испорака на енергија од надвор и важно е отворено да зборуваме за предизвиците што ги носи тоа усогласување со европските правила.

„Ако ја изгубиме Србија од европскиот контекст, тоа е проблем за сите“ заклучи Трајер.

Зачлени се на нашиот е-билтен