DIVINE LINE – Самостојна изложба на Александар Танчовски

На 17 јули 2026 година (петок), во Kaldrma Cocktail Bar (Стара Скопска Чаршија) со почеток во 20:00 часот ќе биде отворена самостојната изложба “DIVINE LINE” на младиот македонски иллустратор и стрип автор Александар Танчовски од Скопје.

Изложбата претставува повеќе од 30 дела во разни техники: молив, мастило и водени бои. Преку нив, авторот ја опишува боженствената убавина на жената и нејзината моќ, нежност и сензуалност.

Делата ќе бидат изложени до 23 јули 2026 година (четврток), а влезот е бесплатен.

Биографија

Александар Танчовски е млад македонски илустратор, стрип-автор и графички дизајнер (роден на 26 септември 1997 година во Скопје), чиј препознатлив уметнички израз се темели на спојот меѓу класичната цртачка техника и современата визуелна естетика.

Во центарот на неговото творештво се наоѓа женската фигура, која ја доживува како симбол на сила, божествена убавина, нежност и сензуалност. Неговите дела се одликуваат со прецизен цртеж, изразена емоција и автентичен визуелен јазик, преку кој гради препознатлив авторски идентитет.

Покрај илустрацијата, Танчовски активно твори и во областа на стрипот. Тој е дел од современата македонска стрип-сцена и редовен автор во списанието „Стрип Креатор”. Неговиот авторски стрип „Тешки времиња” е награден на 22. Меѓународен стрип салон во Велес, признание што го потврдува неговиот креативен потенцијал и придонес во развојот на домашната стрип-уметност.

Во својата работа најчесто користи традиционални техники – молив, мастило и водени бои – верувајќи дека токму рачно создадениот цртеж ја носи најсилната емоција и автентичност.

Неговата уметничка инспирација произлегува од творештвото на светски признати автори како H. R. Giger, Zdzisław Beksiński, Frank Frazetta, Paolo Eleuteri Serpieri, Luis Royo, Boris Vallejo, Milo Manara и Hayao Miyazaki, чии различни естетски пристапи оставиле препознатлив белег врз неговиот творечки развој.

Најчитано