Дојави за бомби во училишта во Белград, учениците евакуирани

недвижности
Белград на вода

Дојави за бомби во училишта во Белград утрово предизвикаа евакуација на ученици и вработени во повеќе образовни објекти, откако на електронските адреси на училиштата пристигнале пораки за наводно поставени експлозивни направи.

Според првичните информации, заканите биле испратени по електронска пошта и опфатиле училишта во повеќе белградски општини и приградски населби. Безбедносните протоколи веднаш биле активирани, а наставата во засегнатите објекти е привремено прекината.

Дојави, меѓу другите, пристигнале во основно музичко училиште во Звездара, училиштето „Драган Ковачевиќ“ во Стариот град, како и во училишта во Калуѓерица, Сурчин, Вождовац, Лазаревац, Обреновац и Батајница.

Полицијата е на терен и врши контрадиверзиони проверки во објектите каде што се пријавени заканите. Учениците и вработените ќе можат да се вратат во училиштата откако надлежните служби ќе утврдат дека просториите се безбедни.

Ваквите дојави во Србија и регионот во изминатите години се повторуваа во повеќе бранови, најчесто преку електронска пошта, при што училиштата беа евакуирани, наставата прекината, а полицијата излегуваше на терен за проверки. Во голем дел од претходните случаи, по контрадиверзионите прегледи било утврдено дека дојавите биле лажни, но секоја нова закана се третира според безбедносна процедура.

Најчитано