Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ДУИ: Актуелната политика на Владата ни ја киднапира иднината, членството во ЕУ не е партиско, туку национално прашање

Денес, нашата земја се соочува со болен момент, кој кај секој граѓанин кој сонувал за европска иднина, буди длабоки чувства на разочарување и горчина. Поради неуспехот на оваа влада да ги исполни уставните реформи, Северна Македонија денеска е одвоена од Албанија во нејзиниот пат кон Европската унија, порачаа денеска од ДУИ со соопштение.

Оваа одлука е директна последица на политички неуспех, но пред се е тешка неправда за секој граѓанин на Северна Македонија кој ја гледал Европа не само како политичка цел, туку и како длабок општествен и културен стремеж. Ние веќе не сме на заедничко патување со Албанија и ова е удар за регионалното единство и стабилност за кои се стремиме толку долго, се вели во соопштението.

Од Мала речица истакнуваат дека Демократската унија за интеграција континуирано предупредува дека овој неуспех ќе има сериозни последици. Секој ден кога се одложуваат уставните реформи е изгубен ден за европската иднина на нашите деца. Секое неуспех да се усвојат овие реформи е чекор подалеку од европското семејство и чекор поблиску до изолација, поделеност и стагнација во земјата.

ДУИ нагласува дека „овие нашите зборови не се само критички. Тие се отворен апел до секој граѓанин на оваа земја кој ја сака Европа и верува во нејзините вредности: ова е моментот кога заедно испраќаме силни пораки за акција без да губиме повеќе време. Секое одложување, секој неуспех само го продлабочува јазот меѓу нас и Европската унија“.

Северна Македонија е Европа и нејзините граѓани тоа не го заслужуваат, велат од партијата.

„Не смееме да дозволиме актуелната политика да ни ја киднапира иднината. Ова не е партиско, туку национално прашање кое го засега секое семејство и секој поединец кој верува во подобра, стабилна и европска иднина“, потенцираат од ДУИ.

На оваа раскрсница, порачуваат, решени сме да дејствуваме за она што е правилно и за правото на граѓаните на Северна Македонија да станат дел од европското семејство. За овој момент ќе ни суди историјата и нема да дозволиме Северна Македонија да остане надвор од Европа поради политичките неуспеси во моментот.

Европа е нашата дестинација. Ова е наша заедничка задача. Нема повеќе време за губење, се наведува во соопштението на ДУИ.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново