Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ерменскиот претседател Хачатурјан ја одобри одлуката на Парламентот земјата да пристапи кон Меѓународниот кривичен суд

Ерменскиот претседател Вахан Хачатурјан денеска ја одобри одлуката на Парламентот за пристапување на земјата кон Меѓународниот кривичен суд (МКС), потег што може дополнително да ги заостри врските на Ерменија со нејзиниот стар сојузник Русија.

Минатата недела, ерменскиот Парламент гласаше за пристапување кон МКС со ратификување на Римскиот статут со кој беше основан Трибуналот.

Земјите кои го ратификуваа Римскиот статут се обврзани да го уапсат рускиот претседател Владимир Путин доколку стапне на нивна територија, а кој е обвинет за воени злосторства поврзани со депортација на деца од окупираните делови на Украина.

Официјална Москва овој потег го окарактеризира како „непријателски чекор“, а руското Министерство за надворешни работи го покани на разговор ерменскиот амбасадор. Ерменија ја увери руската страна дека Путин нема да биде уапсен доколку влезе во земјата. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира