Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Филипче: На гласачите ќе им понудам многу работа и транспарентност

„Јас на гласачите ќе им понудам многу работа, отвореност, транспарентност, чесност, ќе им понудам да бидам нивни вистински претставник во парламентот, да ги застапувам нивните интереси. Едноставно ќе го работам многу повеќе, тоа што сега го работам и до сега“, истакна Венко Филипче, кандидат за пратеник и носител на листата во изборната единица 4 на СДСМ и коалицијата.

Тој во едночасовното интервју за „360 степени“ се осврна на начинот на кој планира да ја води кампања, на проектите кои ќе ги промовира во јавноста следниот период и на тоа што од него може да очекуваат граѓаните.

„Јас сум човек кој што е отворен, кој што секојаш сака да помогне, да им се најде на луѓето. Вака работев за време на мандатот во Министерството за Здравство, меѓутоа и пред мандатот. Едноставно сакам да пружам помош и сум спремен да пружам помош, на било каде и било кога, и на било кој на кој што тоа му е потребно. Секако, најмногу во делот на мојата струка, понатаму во Здраството, а и во другите сегменти таму каде што секако можам да помогнам“, истакна Филипче во интервјуто за порталот 360 степени.

Треба да знаете
Moже да ве интересира