Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ФРОНТЕКС ги запре мигрантите на јужната граница на Северна Македонија

Мигрантите исчезнаа од јужната граница на државата, но и од дневните билтени на МВР. Последниот случај е регистриран од пред три недели, кога беа откриени седум мигранти, но нивниот број од година во година се намалува.

Според податоците од МВР, лани во првите пет месеци биле откриени 3.349 мигранти, а годинава во истиот период 1.698, односно нивниот број е преполовен.

Во првите пет месеци полицијата открила 16 случаи на криумчарење мигранти, што е за еден повеќе во споредба со истиот период лани.

Од МВР додаваат дека според нивните сознанија мигрантите во последно време ги користат така наречените „меки рути“ преку Бугарија и Албанија, а намалувањето на илегалните преминувања се должи на заедничкото и засилено делување на македонските погранични полициски служби и ФРОНТЕКС.

Треба да знаете
Moже да ве интересира