Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Годишнина од смртта на Јосип Броз Тито, за кој во историјата на ОН за прв и последен пат се одржа комеморативна седница

На денешен ден пред 44 години почина доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија – Јосип Броз Тито (1892-1980).

Тој ден, кога почина, на 4 мај 1980 година, знамињата на кралската Бакингемска палата, на Капитол Хил во Вашингтон, на Елисејските полиња во Париз и во други градови ширум светот, знамињата беа спуштени на пола копје.

За прв и последен пат ОН одржаа седница со само една точка на дневен ред – комеморација за смртта на Тито, а и Ватикан прв и последен пат ги огласија звоната во катедарлните цркви на Католичката црква во церемонијата за задушница на починатиот Тито.

Ширум светот беше прогласена повеќедневна жалост, а на погребот дојдоа 209 делегации со шефови на држави и влади.

Тито беше водач во борбата против окупаторот од 1941 до 1945 година. Беше долгогодишен лидер на Комунистичката партија на Југославија и командант на нејзините оружени сили од крајот на Втората светска војна до смртта во 1980 година. Беше еден од основачите на Движењето на неврзаните, во кое беа обединети земји од неколку континенти кои не припаѓаа на ниеден од двата доминантни блока во тоа време, западен и источен блок – НАТО и Варшавскиот договор.  

Мислењата за неговата улога и дело се спротивставени – за едни Тито е симбол на социјална правда, подобар и посигурен живот, голем надворешнополитички углед, а за други – диктатор со огромна политичка моќ кој се пресметувал со политичките неистомисленици. 

Јосип Броз Тито почина на 4 мај 1980 година во Клиничкиот центар во Љубљана. Погребан е на Дедиње во Белград во Куќата на цвеќето. На погребот присуствуваа повеќе од 200 државници и истакнати личности од целиот свет. Иако поминаа 44 години од смртта на Тито, голем број граѓани од републиките на поранешна СФРЈ сè уште доаѓаат неговиот гроб. Куќата на цвеќето досега ја посетиле повеќе од  20 милиони луѓе.

Треба да знаете
Moже да ве интересира