Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Голема воена вежба во Јордан, учествуваат 33 земји

 Јордан денеска соопшти дека на негова територија од денеска почнува голема воена вежба на која ќе учествуваат копнени, поморски и воздушни сили на 33 земји, меѓу кои САД, Франција и Велика Британија.

На вежбата што ќе трае до 23 мај учествуваат и Германија, Италија, Шпанија и Канада, изјави полковникот Мустафа ал Хајари, портпарол на јорданските вооружени сили.

Ал Хајари нагласи дека вежбите немаат никаква врска со војната меѓу Израел и палестинското исламистичко движење „Хамас“ во Појасот Газа.

Силите кои ќе учествуваат на вежбата ќе се обучуваат за „справување со закани од терористички организации и закана од беспилотни летала и ракети од различен дострел“, истакна портпаролот на јорданската армија.

Тој не прецизираше колку војници учествуваат во маневрите, но посочи дека дека ова најголема вежба од 2011 година.

На вежбите учествуваат и Полска, Норвешка, Романија, Јапонија, Австралија, како и неколку арапски земји, меѓу кои и Египет, Саудиска Арабија, Ирак, Мароко и Либан.

Зачлени се на нашиот е-билтен