Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Грковска: Забелешките и коментарите на САД се од суштинско значење

Забелешките коментарите на САД и Европската унија во врска со изгласаните измени на кривичниот закон се од суштинско значење, истакна вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, пред денешната тркалезната маса на тема „Пријавување и управување со примени дарови и други погодности: каде сме и што треба да направиме?“.

-Јас кажав дека членот за проширената конфискација е член кој дојде од мојот кабинет. За другиот дел изразив резерва. САД се наш стратешки партнер и за мене ќе биде суштински нивниот коментар и забелешка за овие законски измени. Исто така и со забелешките на ЕУ, изјави Грковска во одговор на новинарско прашање за изјавата на амбасадорката на САД Анџела Агелер дека американската администрација ќе ги разгледа измените на Кривичниот закон.

Зачлени се на нашиот е-билтен