Водата не е секогаш доволна: како правилната хидратација го намалува ризикот од топлотен удар

Кога температурите се искачуваат до екстремни вредности, организмот се потпира на потењето како природен механизам за разладување. Но, со потењето телото не губи само вода, туку и важни минерали, поради што во одредени ситуации само внесувањето вода не е доволно. 

Експертите објаснуваат дека најважно е течностите да се внесуваат редовно во текот на денот, а не да се чека појавата на жед, бидејќи таа може да биде доцен знак на дехидратација. Особено внимание треба да посветат постарите лица и децата, кај кои чувството на жед може да биде послабо изразено. 

При силно потење организмот губи и електролити, како натриум и калиум, кои се важни за нормалната работа на мускулите, нервниот систем и одржувањето на рамнотежата на течностите. Во случаи на подолг престој на високи температури или физички напор, потребно е да се надоместат и овие минерали. 

Топлотниот удар е сериозна состојба која настанува кога телото повеќе не може да ја регулира сопствената температура. Може да се појават висока телесна температура, слабост, вртоглавица, главоболка, забрзано чукање на срцето, нарушена свест и други опасни симптоми кои бараат итна медицинска помош. 

За да се намали ризикот, лекарите препорачуваат избегнување престој на директно сонце во најтоплиот дел од денот, носење лесна облека, престој во разладени простории и внесување доволно течности. Посебно внимание треба да се посвети на луѓето кои работат на отворено или долго време се изложени на високи температури. 

Во случај на сомнеж за топлотен удар, лицето треба веднаш да се премести во поладна просторија или сенка, да се започне со постепено разладување и да се побара медицинска помош. Ова состојба не треба да се меша со обична исцрпеност од топлина, бидејќи може брзо да стане опасна по живот. 

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали ѝ верувате на водата од вашиот водовод?