Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

И Палестина се најде меѓу пратеничките прашања

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев го праша претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кога Македонија ќе ја признае Палестина.

На прашањето на Апасиев, Мицкоски го даде следниот одговор:

– Треба мир во светот, во мир секогаш се постигнува компромис и решение. Цивилите не се виновни затоа што политичарите на сметка на својот хедонизам и комфор се обидуваат да спечалат поени. Посакувам час поскоро мир и сите тие луѓе во Газа, Палестина, Украина и насекаде во светот да функционираат нормално, рече Мицкоски

Пратеничката група на Левица неодамна до Собранието поднесе Декларацијата за признавање на Палестина.

Зачлени се на нашиот е-билтен