Илјадници луѓе се собраа во Валенсија на протест поради бавната реакција на властите по минатонеделните поплави во регионот во кои загинаа над 220 лица.
Според медиумите на протестот имало околу 130 илјади луѓе, а до крајот на демонстрациите дошло и до судири со полицијата.
Демонстрантите се собраа синоќа во центарот на Валенсија барајќи оставка од лидерот на регионалната влада Карлос Месон, извикувајќи „Убијци“, јавија британските медиуми.
„Нашите раце се извалкани со кал, вашите со крв“, пишуваше на еден од транспарентите, а демонстрантите ги извикуваа тие зборови.
A massive demonstration in Valencia is demanding Carlos Mazón’s resignation, protesting his handling of the catastrophic flooding in the region.pic.twitter.com/cBgv4LgfiS
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) November 9, 2024
Демонстрациите, организирани од општествени и граѓански групи, го осудија справувањето со катастрофата.
Според демонстрантите локалните власти предоцна го издале предупредувањето за поплавите, односно во 20 часот на 29 октомври, откако водата веќе поплавила некои градови и села околу Валенсија.
Месон рече дека предупредувањето би го издал порано доколку телото задолжено за следење на водите навреме ги известило властите за сериозноста на ситуацијата.