Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Историско и спектакуларно отворање на Летните олимписки игри 2024 во Париз

Амбициозно, историски, спектакуларно – ова се само малку од зборовите за да се опише церемонијата на отворање на Летните олимписки игри 2024 во Париз.

Игрите за отворени ги прогласи претседателот на Француската Република Емануел Макрон.

Како прва церемонија на отворање на Олимписките игри одржана надвор од стадион, прославата на 26 јули ја трансформираше француската престолнина во стадион и театар додека традиционалното дефиле на спортистите се одржуваше во пловила долж реката Сена, минувајќи покрај најпознатите париски знаменитости.

Околи 100 речни бродови со околу 10.500 спортисти пловеа по Сена за време на парадата, а телевизиските камери поставени на клучните места им овозможија на гледачите да ги видат спортистите одблиску и да бидат сведоци на нивните емоции.

Според организаторите во Париз, речиси 600.000 луѓе лично да уживаа во церемонијата на отворањето. Верно на својот слоган „Игри ширум отворени“, Париз 2024 го направи настанот достапен за што е можно повеќе луѓе со тоа што го организираше надвор од традиционалниот амбиент на стадионот.

Имаше достапни 222.000 бесплатни билети за следење на парадата од горните брегови на Сена, покрај 104.000 платени билети на долните кејови. Ова беше и прва церемонија на отворање на која повеќето гледачи не платија влезница – уште една историска пресвртница за Париз 2024 година.

Оние во Париз кои не можеа да добијат билети ја гледаа церемонијата на отворање на 80 огромни екрани поставени низ градот.

Дополнителни 1,5 милијарди луѓе од целиот свет отворањењето на ЛОИ Париз 2024 го гледаа преку телевизискиот пренос на церемонијата.

После сто години Олимписките игри се вратија во Франција, со Париз 2024. 33-то издание на Олимписките игри Франција ги прогласи за игри на една нова ера.

Тие ќе го покажат спортот и спортистите како никогаш досега, партиципативни и отворени со повеќе од 170 спортски и културни настани низ цела ФранцијаВ

Во чекор со времето и предизвиците на нашиот век, особено борбата против климатските промени, организаторите на ЛОИ Париз 2024 година, не градеа нови објекти, туку ги искористи постоечките, а единствените нови градби се Олимпиското село на спортистите и за медиумите.

ЛОИ Париз 2024 за прв пат постигна 100% родова еднаквост во однос на бројот на спортисти.

Зачлени се на нашиот е-билтен