Изложба во СУУ „Лазар Личеноски“ со избор на најдобрите фотографии, дигитално креирани дела, анимации и видеа создавани изминативе 10 години

Во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје, вечер во 20 часот ќе биде отворена изложба со која се одбележува јубилејот 10 години од воведувањето на предметот Фотографија и одделот Мултимедија.

Уметничко училиште со гордост ќе го претстави изборот на најдобри дела создавани изминативе 10 години, а тоа се фотографии, дигитално креирани дела, анимации и видеа. 

-Средното уметничко училиште следната 2024-та ќе прослави голем јубилеј, 80 години од основањето. Во своето постоење неколку пати сменило наставни планови, а последен пат 2013-та, кога се воведени предметите Видео и звук, Анимација, Медиски форми, Дигитална уметност и Фотографија. За жал, се уште без посебен закон за уметничко образование е третирано како таксативно набројано училиште во системот на образование, наведуваат од Училиштето „Лазар Личеноски“.

Треба да знаете
Moже да ве интересира