Запрашан за односот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, градоначалникот на Карпош и лидер на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски во интервју за Слободен печат истакна дека Мицкоски се однесувал како самиот себе да си е опозиција.
– Проблемот кај Мицкоски е што тој сам на себе си е опозиција. Ние не сме опозиција на опозиција, јас имам своја парттија тој негова. Мене во Карпош не ме блокира СДСМ ме блокира ВМРО-ДПМНЕ и неговите другари. Ако јас било каде во централната власта се јавувам за проблеми а не се јавувам за лични проблеми и ако секогаш ми е кренато на телефон и се што треба за локална самоуправа да е завршено, ми е завршено што лошо да кажам за тие луѓе? А во исто време имам луѓе со кои заедно сме ја освоиле власта и со таа програма сме победиле и сега прават се за тоа да го блокираат – рече Јакимовски во интервјуто.
Јакимовски вели дека Мицкоски немал никаков концепт и дека се противел на секој проект што се носи или се работи на централно и на локално ниво.
– Во исто време гледаш дека на главната политичка сцена во републикава Мицкоски зборува небулози, дека нема никаков концепт дека е против сѐ и сешто. Во Карпош да не се донесе буџет, во градот сѐ да се блокира, да биде што полошо, Градски сообраќај да не земе плати. Сега гледам четири инвестиции има таму во енергетиката и сите четири не чинеле, сите биле далавера. Можно ли е сите да се далавара како што вели тој, а сите четири договори се различни? А кога треба да се делат пари, против тоа не си, ќе го изгласаш и буџетот, ќе земеш пари за своите општини. За Карпош најмалку, а за градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, кој зел 110 милиони кој зел 70, кој 60, а за Карпош 15,6“ посочи Јакимовски.
Јакимовски потенцира дека ќе продолжи да работи за општината и покрај опструкциите од ВМРО-ДПМНЕ.
Зборувајќи ја работата во општина Карпош, градоначалникот на општината Стевчо Јакимовски во интервјуто за Слободен печат истакна дека граѓаните добро го познаваат, дека четири мандати ја предводи општината и дека без разлика на нападите што тој ги има од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи за општината.
– Кога ќе донесат поспособен од мене јас ќе се тргнам. Но не можам да им оставам простор на луѓе кои се неспособни, луѓе кои лажат и кои едвај чекаат да се докопаат до власт, не за да им помогнат на граѓаните, туку нив да им биде подобро – нагласи Јакимовски.
Јакимовски кажа дека тој е единствениот градоначалник кој надлежностите за урбанизам во целост им ги има делегирано на општинските служби, додека за изградбата на висококатниците кај Воена Болница, вели дека целиот процес е согласно Централниот и Деталниот урбанистички план, а за оние кои протестирале смета дека биле доведени во заблуда од одредени политички партии.