Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Јованка Тренчевска учествуваше во активностите на Хуманитарната организација „Свети Спас“

Дополнителната министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, заедно со дел од нејзиниот кабинет, помина еден ден во Хуманитарната организација „Свети Спас“ и учествуваше во активностите за подготовката на дневните оброци за корисниците на црковно народната кујна во рамките на организацијата.

„Денот нѝ беше во знакот на Министерството за труд и социјална политика на Република Северна Македонија“, објавија на своите профили на социјалните мрежи од Хуманитарната организација „Свети Спас“.

„Пред околу две недели ја имавме честа да се видиме и поразговараме со дополнителната министерка Јованка Тренчевска со која тогаш се договоривме  да ја посети нашата црковно народна кујна и пунктовите на кои се делат оброците за да се запознае со принципот и начинот на работата на организацијата“, напишаа од „Свети Спас“.

Дополнителната министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска за време на посетата на кујната се запознаа и со дел од корисниците на кујната во пунктот во Драчево, како и со останатите активности на Хуманитарната организација „Свети Спас“.

Треба да знаете
Moже да ве интересира