Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Касами, Курти и Мицкоски во небрано – Таравари ги откачи

Претседателот на Алијанса за Албанците и градоначалник на Гостивар, го одбил предлогот на партиите од албанската опозиција тој да биде претседателски кандидат на престојните избори.

Во изјава за МИА, Таравари откри дека опозицијата разговарала со него за да биде претседателски кандидат, но тој им кажал дека не е заинтересиран.

Претходно, во изјава за косовската национална телевизија, претседателот на Беса и градоначалник на Тетово, Билал Касами изјави дека е разговарано Таравари да биде кандидат за претсдател и рече дека тој се сметал за соодветен кандидат Албанец.

Ваквата негова изјава, сепак беше дементирана веднаш од Таравари, кој со ова го откачува опозицискиот блок и покажува дека тој и неговата партија се насочени кон Европскиот фронт и европската иднина на земјата.

Треба да знаете
Moже да ве интересира