Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Клековски ја потврди кредибилноста на агенцијата Стратум која ја спроведе анкетата на „Фокус“

„Стратум работи политички рејтинзи подолго од една деценија еден долг период Стратум е релативно нова агенција на полето на партиски политички рејтинзи, иако основачот не е нов во истражувачкиот свет. Основачот на Стратум е жена која е најдолго присуствува во истражувањето на Македонија“, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Клековски во синоќешното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа.

Според него анкетите треба да служат за да се прикаже какво е расположението на граѓаните и да не се користат за креирање на лажни перцепции.

Анкетата изработена од Стратум, а нарачана од „Фокус“, покажува дека внатрешните поделби во ВМРО-ДПМНЕ придонесоа за пад на рејтингот на опозициската партија, но и подобрување на рејтигот на владејачката СДСМ.

За ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски се изјасниле дека би гласале 10.1% од испитаните граѓаните додека пак за нова партија од ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски се изјасниле 9.2% од граѓаните.

Од друга страна, за СДСМ предводена од Димитар Ковачевски се изјасниле 15.8% од испитаниците и во вакви околности владејачката партија избива на прво место.

Ваквите резултати покажуваат дека од раздорот во ВМРО-ДПМНЕ директна корист има СДСМ, што пак може да се види и од рејтигот на политичарите, каде што повторно Димитар Ковачевски е политичарот со најголема доверба меѓу граѓаните.

На прашањето кој ви е омилен политичар, за Димитар Ковачевски се изјасниле 12.8% од граѓаните и води пред Никола Груевски за кого се изјасниле 11.1% од испитаниците, додека за Христијан Мицкоски се изјасниле 10.5% кој моментално е на третото место.

Зачлени се на нашиот е-билтен