Костадиновска-Стојчевска: Да им обезбедиме на младите иднина да бидат жители на Европа

„Младите се нашата иднина Имаме реален план за побрзо да им ја донесеме Европа дома на младите, со конкретни мерки“, порача на социјалните мрежи Бисера Костадиновска-Стојчевска, потпретседателка на СДСМ и коносителка на листата на Коалицијата за европска иднина во ИЕ5.

„Во планот за младите на СДСМ се европската детска гаранција, учество во програмата Гаранција за млади, зголемување на износот на младинскиот додаток од 3.000 на 5.000 денари месечно, студентски ваучери за сместување и европски плати дома“, најави Костадиновска-Стојчевска.

Во објавата на социјалните мрежи таа ветува поголемо младинско учество во сите области и план за домување за млади до 29 години.

„Нашите млади треба да бидат жители на Европа. Обврска на сите нас е да им обезбедиме иднина каква што сакаат и заслужуваат. Одлучни сме да продолжиме да создаваме посолидарно, еднакво и посигурно општество за младите“, потенцира во видео пораката на социјалните мрежи Бисера Костадиновска-Стојчевска, потпретседателка на СДСМ и коносителка на листата на Коалицијата за европска иднина во ИЕ5.

Треба да знаете
Moже да ве интересира