Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Костадиновска-Стојчевска: За квалитетно реновирање на „Македониумот“ во Крушево ни треба странска помош

Ќе ни треба странска помош за квалитетно реновирање на витражите на споменикот „Илинден“, или поконкретно „Македониумот“. Очекуваме во текот на јануари да се комплетира документацијата за да имаме квалитетна и целосна обнова, зашто станува збор за комплициран процес, изјави Бисера Костаниновска-Стојчевска, министерка за култура при денешната посета на Крушево.

Претходната консултација со експерти од Полска, за Министерството за култура не била задоволителна. 

-Реновирањето на витражите на споменикот „Илинден“ или конкретно „Македониумот“ е специфична обврска. Имавме повикано експерти од Полска кои изработија идеен проект, но, меѓутоа, поради специфичноста на работите, оној одговор што го добивме не беше задоволитетелен, односно не добивме потврден одговор дека би можеле да продолжат со реконструкција, односно со целосното обновуваме на самиот споменик „Македониум“. Ние како Министерство за култура секоја година вложуваме, без разлика дали станува збор за партерно уредување или одржување, но најголем проблем е самата конструкција. Токму за тоа разговаравме со градоначалникот на Крушево. Веќе во првата половина на јануари да го докомплетираме проектот кој го изработи Завод и музеј – Прилеп за да можеме да побараме и странска помош и да може да одвоиме доволно пари за буџетот во 2024 година и „Македониумот“ целосно да го реконструираме. Сега целта е да видиме што од документација ни е потребно, дали основен или идеен проект. Секоја година инвестирањето беше по други основи, а не да пристапиме кон целосна реконструкција., изјави Костадиновска-Стојчевска.

„Македониумот“ е во десетте најспецифични градби од областа на Спомениците на културата на меѓународно ниво, кога станува збор за  заштитеното културно наследство. Треба да знаеме како да пристапиме.

-Сакаме да знаеме тоа што ќе го сработиме да биде квалитетно. Имаме професионалци во државав,а но ни треба и странска помош. Сакаме да ја докомплетираме документацијата па да прецизираме за трајна обнова на „Македониумот“ во Крушево, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска при денешната посета на Крушево.

Зачлени се на нашиот е-билтен