Ковачевски: На една страна имате партии кои сакаат влез на државата во ЕУ, а на друга што бараат алтернативни решенија

„Вие гледате дека во државата се диференцираат веќе блоковите На една страна имаме политички партии кои што апсолутно сакаат влез на државата во ЕУ и донесување на потребните одлуки за тоа да се случи. И на другата страна имаме политички партии кои што сметаат дека треба да се бараат некакви алтернативни решенија за кои се потврдило дека ниту постојат, ниту можат да се направат. И затоа граѓаните тоа ќе знаат да го ценат, ќе знаат да ги ценат и програмите и да донесат правилна одлука односно на 8-ми мај да биде избрана проевропска влада на чело со СДСМ,“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за Македонската Телевизија, во однос на парламентарните избори посочувајќи дека СДСМ има апсолутно најголем коалициски потенцијал.

Тој се наврати на ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните на Македонија на локалните избори.

„Што се немаше ветувано во нивната програма. Од еко автобуси, бесплатен градски превоз, од нивелирање на шахти, мостови, нема ништо. Нема ништо во цела држава и сега погледнете ја нивната парламентарна програма во која што велат ќе даде 250 милиони помош на овие општини што ги упропрастија. Дури на крајот на мојот мандат јас донесов одлука за сите општини подеднакво, без разлика од која политичка партија е водена општината да бидат доделени финансиски средства од централниот буџет, 32 милиони. Затоа велам се потврди и граѓаните се уверија дека партија која ги исполнува сите своите ветувања е СДСМ“, посочи Ковачевски.

Тој ги истакна позитивните резултати во зголемувањето на платите и најави дека просечната плата ќе биде над 1100 евра, а минималната ќе биде над 600 евра.

„И тоа граѓаните тоа знаат дека со нас можат да го имаат бидејќи ние кога ветивме дека ќе има 500 евра просечна плата никој не веруваше во тоа. Ние имаме сега 650 евра просечна плата во државата. Кога велевме дека минималната плата од 8.000 денари ќе ја зголемиме, ние ја зголемивме неколкукратно“, рече Ковачевски.

Според Ковачевски, за уште поголемо зголемување и на платите и на пензиите , клучно е полноправното членство во ЕУ.

Треба да знаете
Moже да ве интересира