Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ковачевски: Платите во образованието не се приоритет на оваа влада, ние имавме историско зголемување во оваа дејност

„Оваа влада вели ние 100 милиони ќе инвестираме во општините и ќе најдеме пари за зголемување на пензиите. Синдикатот за образование сфати дека нема да добие 12% како што беше предвидено и тоа беше јасно кажано од  министерката затоа тоа за нив во овој момент не им беше важно образованието, туку други приоритети“, посочи пратеникот и поранешен премиер Димитар Ковачевски во подкастот „Каде се парите?“.

Тој уште дополни дека за актуелната Влада приоритет и беше да го измени, еднократно, моделот за зголемување на пензиите, бидејќи ветија линеарно зголемување на пензиите и доминантно поголем дел од средства се наменија за поддршка на општините и дека таму ги насочиле парите со ребалансот на Буџетот што го направија во јуни/јули.

Оттаму, не се точни тврдењата, истакна Ковачевски, дека претходната влада не испланирала средства за платите во образованието.

„И ние немавме за првите 15% покачување во 2022 предвидено пари во Буџетот, ама ги најдовме зашто беше прашање на приоритети. Секогаш можете да определите во буџетот средства и тоа е прашање на приоритетите. Проектирањето на буџетот зависи од приоритетите. Ние ги зголемивме платите во образованието во јануари за 15% во 2022 година и договоривме дополнителни 12% во март во 2023 година. Со тоа ние имавме историско зголемување на платите на образованите работници и универзитетските професори“, укажа Ковачевски.

Ковачевски нагласи дека секоја Влада, секој јуни или септември, прави ребаланс на буџетот и ги определува приоритети.

„Парите, приходите во буџетот се дури и поголеми од тоа што беше проектирано за 2024 година. Но, за оваа влада приоритет беше да се најдат 100 милиони за општините, па ги најдоа. Исто како и за пензиите. До приоритетите е“, објасни поранешен премиер Димитар Ковачевски во подкастот „Каде се парите?“.

Зачлени се на нашиот е-билтен