Ковачевски за анкетата на Фокус: Не работам за личен рејтинг туку за подобар живот на граѓните

На новинарско прашање да ја коментира анкетатана „Фокус“, според која тој е најомилен политичар за граѓаните, премиерот Ковачевски вели дека неговото работење не го води заради анкетите.

„Јас дојдов за претседател на Влада во еден исклучително тежок период за државата, во време кога бевме во економкса, енергетска и после неполн месец на формирањето на Владата започна војната во Украина. Она на што бев заедно со министрите фокусиран, беше справување со енергетската криза што мислам дека успеавме да се справиме на квалитетен начин, справување со економската криза, знаев дека после една таква Корона пандемија дека ќе дојде до инфлаторен притисок и затоа работевме со синдикатите на зголемување на минималната плата, на зголемување на пензиите и сето тоа придонесе да овозможиме нашите граѓани на најдобар можен начин во тие услови да се справат со тешка криза“, истакна Ковачевски во својот одговор.

Тој дополни дека Владата што ја предводи обезбедила најголем пакет на атникризни мерки од 760 милиони евра за нашите граѓани.

„Сега ќе следува нов пакет на атникризни мерки кој ќе се однесува за најранивлите категории, субвенциорниањето на електричната енергија продолжува и мислам дека ќе дочекаме една поуспешна 2024 година за Северна Македонија и за граѓаните“, нагласи Ковачевски во одговорот на новинарско прашање за анкетата на „Фокус“.

Анкетата на „Фокус“ спроведена преку телефон на 1.200 испитаници од страна на агенцијата „STRATUM R&D“ на почеток од овој месец и покажува дека економската стабилност е главната тема за граѓаните.

Треба да знаете
Moже да ве интересира