Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Лидерот на Европската народна партија Вебер ги повика социјалдемократите и либералите да го фирмираат мнозинството во ЕП

Претседателот на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер, во неделата вечер ги повика социјалдемократите и либералите да формираат мнозинство со таа конзервативна група во Европскиот парламент (ЕП).

По објавувањето на првата проекција за составот на новото свикување на Европскиот парламент, според која ЕПП освои најмногу гласови, а екстремно десничарските партии значително зајакнаа, Вебер порача дека социјалдемократите и либералите треба да ја поддржат Урсула фон дер Лајен останува на чело на Европската комисија.

„Ги поканувам и двете групи да се приклучат на нашиот проевропски и продемократски сојуз во следните пет години“, рече Вебер во Европскиот парламент во Брисел.

Тој изјави дека сите што сакаат да ја уништат Европа се непријатели на Европската народна партија и додаде дека ќе се бори против нив и нема да им дозволи „какво било влијание на европско ниво“.

Во Европската Унија во недела заврши циклусот на гласање за Европскиот парламент, кој започна пред три дена. Изборите за европски претставници се одржаа во различни денови, а на 9 јуни се одржаа во најголем број земји членки.

Првото и второто место го задржаа традиционалните партии од десницата и левицата од центарот, односно Европската народна партија и социјалдемократите, покажуваат прелиминарните резултати.

Европските либерали успеаја да се задржат на третото место, иако оваа позиција беше многу неизвесна поради големата победа на екстремната десница.

Успехот на десничарските партии е особено забележлив во земји како Германија, Франција, Италија и Холандија.

На изборите за Европскиот парламент излегле 51 отсто од гласачите, додека на претходните, одржани во 2019 година, излезноста била 50,66 отсто.

Зачлени се на нашиот е-билтен