Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ликвидираниот висок командант на Хамас до март бил вработен во агенцијата за бегалци на ОН

Филипе Лазарини генерален комесар на УНРВА
Филипе Лазарини генерален комесар на УНРВА

Агенцијата на ОН за палестински бегалци соопшти дека високиот командант на Хамас убиен во Либан во понеделникот бил еден од нејзините вработени, но бил суспендиран откако во март се појавија наводите за неговите врски со милитантната група.

Поврзаноста на Фатах Шариф со Хамас го засили притисокот врз УНРВА, агенцијата на ОН за палестиснките бегалци, беше изложена на сериозни критикидека не прави доволно за да ги искорени милитантите на Хамас од нејзините редови.

Внатрешното контрола на ОН ја истражува UNRWA откако Израел во јануари обвини 12 од персоналот на агенцијата за вмешаност во настанот од нападот на Израел на7 октомври во кој вооружените милитанти на Хамас убија 1.200 луѓе и киднапираа околу 250 други. Наводите доведоа до тоа повеќе од десетина земји донатори да го прекинат финансирањето на агенцијата. Малку подоцна сите земји донатори, освен Соединетите Американски Држави, одлучија да го продолжат финансирањето на агенцијата.

Хамас рече дека Шариф бил убиен со сопругата, синот и ќерката во воздушен напад врз бегалскиот камп Ал-Бус, еден од 12-те наменет за палестинските бегалци во земјата, во јужниот пристанишен град Тир.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново