Лукаревска: Голема е обврската и одговорноста и предизвик е да се биде носител во ИЕ 3

„Можеби за многумина е изненадување, но ние во СДСМ, преку континуиран процес на дебата, анкети, го слушавме и мислењето на граѓаните, како и  и на членовите на општинските организации, за да на крајот се направи соодветен распоред на носители  и комплетирање на пратеничките листи. Голема е обврската и одговорноста, како и предизвик да се биде носител во ИЕ 3, заедно со Љупчо Николовски“, рече заменик претседателката на СДСМ и носител на ИЕ 3, Сања Лукаревска во емисијата Клик плус на ТВ 21.

Таа го негираше наводното незадоволство од одредени членови на партијата кои не се дел од пратеничките листи.

„Самите мои партиски другари, кои беа наведувани во некои медиуми дека го напуштиле Центаралниот или Извршниот одбор, истите и го демантираа сето тоа, преку статуси на социјални медиуми и изјави“, рече Лукаревска.

Таа посочи и дека долг временски период граѓаните се сведоци на извртени факти и вести. Таа порача дека е потребна поголема внимателност во пренесувањето на информациите особено овој предизборен период.

„Ние политичарите ја имаме најголемата обврска и одговорност, пред граѓаните се претставиме во едно позитивно светло. Да претставиме дека може да има фер кампања. Да ги соочиме аргументите, програмите, сите наши идни предизвици, и така граѓаните да го направат својот избор“, рече Лукаревска.

„СДСМ има одлична коалиција во моментов. Нашите традиционални партнери остануваат во рамки на коалицијата со СДСМ, како и многу други вон парламентарни партии се дел од коалаицијата со СДСМ. Потпишавме меморандуми за соработка и со нови политички партии. Ние ја претставивме нашата рамка, нашиот план поединчно на секој колаиционен партнер и врз основа на тоа и самите тие ги носеа самите одлуки. Она кое што е наша заложба, европскиот пат е она кое што ќе не одбележи во наредниот период, одередени храбри мерки во речиси сите области и конзистентни економски мерки за добробит на граѓаните“, рече Лукаревска.

Таа изрази зачуденост што одредени партии се вратени назад на стрната на ВМРО-ДПМНЕ, а претходно зборувале против истите.

На тема албански блок и поделеноста на две страни во него, Лукаревска истакна дека тоа се случува за прв пат, да има окрупнети сојузи на две страни.

Очекувам дека ќе има една фер и позитивна кампања. Ќе се бориме со мерките и проектите наместо со лични дисквалификации“, рече Лукаревска.

„По завршување на овие избори, повторно со препорака на ОБСЕ и ОДИХР, ќе седнеме и ќе разговараме за нов Изборен законик. За отворени листи, една изборна единица, 90 пратеници и ќе донесеме нов Изборен законик прифатен од сите политички партии“, потенцираше Лукаревска.

Во врска со укинувањето на техничката влада кое како барање го постави опозицијата, Лукаревска посочи дека тоа е доказ за постоење на демократичност и функционирање на институциите.

Лукаревска најави дека во вторник СДСМ ќе има посебна конвенција за претседателскиот кандидат Пендаровски.

„Тоа е кандидат кој обединува и многу државнички ја вршеше својата функција во изминатиот мандат. Кој не правеше разлика меѓу било кој граѓанин, ја имаше европската перспектива како дел од неговиот начин на делување и кој има сопствен одличен интегритет“, рече Лукаревска.

Во однос на резултатите од претседателските избори, таа посочи дека извесни се резултатите, согласно рејтинзите и анкетите и ќе следува реприза од последните претседателски избори.

Треба да знаете
Moже да ве интересира