Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Лула да Силва ги повика ОН да преземат акција за климатската криза и нееднаквоста во светот

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва во својот говор во Обединетите нации повика на решителна борба против климатските промени и растечката социјална нееднаквост, пренесе ДПА.

– Климатската криза тропа на вратата и ја уништува нашата татковина, рече лидерот на најголемата земја во Латинска Америка на отворањето на дебатната недела на високо ниво на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

– Луѓето во сиромашните земји особено тешко страдаат од климатските промени, кои во голема мера се предизвикани од развиениот свет, рече Лула.

Тој повторно ги повика богатите земји да обезбедуваат 100 милијарди долари годишно за заштита на климата во земјите во развој, долгогодишно ветување кое остана неисполнето.

– Светот станува се понееднаков. Денес, иднината на едно дете зависи од тоа во кој дел од светот е родено, рече Лула.

Бразилскиот претседател повика и на поголема акција во борбата против насилството врз жените, како и зајакнување на правата на хомосексуалците и инвалидите.

Во услови на растечки геополитички тензии, Лула предупреди на обидите да се подели светот на зони на влијание и да се оживее Студената војна.

– Војната во Украина јасно покажува дека сите ние не сме способни да ги спроведеме целите и принципите на Повелбата на ОН. Промовирањето на културата на мирот е должност на сите нас, нагласи бразилскиот претседател. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира