Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Македонија е првата држава во Европа и втора во светот којашто ќе го искорени бездржавјанството

Собранието ги донесе измените на законот за престојувалиште и живеалиште и на законот за лична карта, кои беа последниот нужен чекор за решавање за целосно решавање на  бездржавјанството во Република Северна Македонија.

Со овие законски решенија им се овозможи на лицата коишто не поседуваат имот или немаат можност да обезбедат докази за сопственоста на имотот или договор за закуп, и поради тоа остануваа без пријавена адреса за живеење, а со тоа и без лична карта, да си го решат ова прашање.

Со новите измени во законот за пријавување на живеалиште и престојувалиште, се уредува начинот на кој што лице бездомник може да пријави адреса – живеалиште во Центарот за социјална работи и се дава можност бездомникот да ја пријави за адреса – живеалиштето на физичко лице кое се согласило да ја даде својата адреса. Воедно, покрај сопственост и закуп со измените се додава и можноста живеалиштето да се пријави и со: договор за послуга, договор за доживотна издршка, писмена потврда издадена од општината, со која се потврдува постоење на бесправно изграден објект за живеење.

Во јуни 2023 Собранието ги усвои и измените на Законот за матична евиденција и се овозможи секое дете родено во земјата да добие извод при раѓање, без разлика дали неговите родители се без документи или без државјанство.

Со овој закон секое дете родено на територијата на Република Северна Македонија има право на упис во матична книга на родени веднаш, а најдоцна 45 дена од денот на раѓањето на детето, независно од државјанството и личниот статус на неговите родители, стои во еден од членовите на Законот за матична евиденција.

Благодарение на оваа регулатива, Министерството за внатрешни работи досега додели државјанство на 290 лица без државјанство.

Управата за водење на матични книги (УВМК) во  засилено темпо во соработка со Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика, Советникот за инклузија на Роми во Канцеларијата на Претседателот на Владата Елвис Мемети и граѓанскиот сектор (Институт за истражување и политики Ромалитико) кои работеа директно на терен со  неевидентираните лица во матичните книги, за период од 2 месеци по донесувањето на измените на законот решени се 310 предмети кои добија извод на родени.

Оваа мерка на Владата успешно го трасира патот на Република Северна Македонија да стане првата држава во Европа и втората во светот која ќе го искорени бездржавјанството.

Треба да знаете
Moже да ве интересира