Македонска книжевна визита во Софија: Размена на уметноста и искуствата со бугарските писатели, есеисти, преведувачи и публицисти

Годинешната четиринаесетта по ред македонска книжевна визита во Софија ќе се одржи од 11 до 13 мај во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија. За првите два програмски дена издавачката куќа „Макавеј“ од Скопје, во соработка со КИЦ во Софија, подготвија богата културна програма со настап на десетина писатели.

Македонските писатели, предводени од претседателот на Друштвото на писателите на Македонија, Д-р Христо Петрески, ќе се сретнат со своите бугарски колеги, предводени од претседателот на Сојузот на бугарските писатели, Бојан Ангелов, ќе остварат контакти, ќе разменат искуства и ќе ја споделат својата уметност пред публиката во КИЦ на Република Северна Македонија во Софија.

Во рамките на програмската концепција на Четиринаесеттата македонска книжевна визита во Софија ќе се одржат: Книжевен портрет на Владимир Мартиновски, Доделување на традиционалната Награда „Македонски книжевен Дедал“ на истакнат бугарски писател и преведувач кој придонесол за афирмацијата на македонската литература во Бугарија, Омаж за Љубомир Левчев – добитник на Златниот венец на Струшките Вечери на Поезијата, Заедничката вечер на македонската и бугарската поезија, со учество на најистакнати имиња на поетската сцена од двете земји.

Учествуваат поетите Христо Петрески, Анжела Димчева, Бранко Цветкоски, Димитар Милов, Димитар Башевски, Николај Шопов, Владимир Мартиновски, Роза Бојанова, Борче Панов, Димитар Христов, Зоран Пејковски, Иван Есенски, Виолета Танчева – Златева, Атанас Звездинов, Трајче Кацаров, Маја Панајотова, Душко Крстевски, Петар Андасаров, Јовица Тасевски – Етернијан, Надја Попова, Владимир Левчев, Кристина Николовска, Атанас Капралов. На третиот ден од книжевната визита е предвидена посетата на спомен-куќата на Христо Смирненски во Софија.

Во изминатите тринаесет години во организација „Макавеј“ и КИЦ на Република Северна Македонија во Софија беа одржани успешни изданија на Македонската книжевна визита, на која учествуваа осумдесетина македонски поети, научници, писатели и публицисти.

Пред софиската книжевна публика настапија академиците Матеја Матевски, Гане Тодоровски, Ташко Георгиевски, Луан Старова, Али Алиу, Ристо Василевски, Катица Ќулавкова и Митко Маџунков, потоа писателите Мето Јовановски, Драги Михајловски, Д-р Илија Велев, Д-р Ангелина Бановиќ – Марковска, Д-р Блаже Китанов, Трајан Петровски, Ристо Јачев, Иван Чаповски, Санде Стојчевски, Веле Смилевски, Милован Стефановски, Стојан Тарапуза, Раде Силјан, Весна Ацевска, Бранко Цветкоски, Братислав Ташковски, Гордана Михаилова – Бошнакоска, Кристина Николовска, Паскал Гилевски, Вера Чејковска, Славе Ѓорѓо Димоски, Борче Панов, Кире Неделкоски, Јовица Тасевски – Етернијан, Жарко Кујунџиски, Иван Антоновски, Трајче Кацаров, Игор Исаковски, Марта Марковска, Владимир Илиевски, Марина Мијаковска, Душко Крстевски, Наташа Сарџоска, Митко Гогов… како и редица врвни бугарски писатели, есеисти, преведувачи и публицисти.

Досегашните изданија на оваа книжевна манифестациja за афирмација на македонската литература во престолнината на Бугарија беа извонредно позитивно примени и во бугарските и во македонските литературни кругови.

Треба да знаете
Moже да ве интересира