Македонската женска кадетска репрезентација денеска во третото коло ја победи селекцијата на Словачка со 28:13 и како првопласирана во својата група Ц оди во четвртфиналето на Светското училишно првенство во ракомет кое се одржува во Скопје.
За нашите девојки ова е трета победа откако претходно беа совладани репрезентациите на Белгија и Грузија.
Во четвртфиналето, Македонија ќе се сретне или со Романија или Бразил.
Утре е слободен ден на Светското училишно првенство во ракомет. Денот ќе биде резервиран за прошетка, како и за претставување на делегациите своите културни традиции.