Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Макрон ги повика умерените политичари да се прегрупираат за да ја победат крајната десница

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ги повика умерените партии од левицата и десницата да се прегрупираат со цел да ја поразат крајната десница на парламентарните избори.

Тој денеска и се обрати на нацијата за прв пат откако го распушти Парламентот и распиша предвремени парламентарни избори откако неговата партија претрпе тежок пораз на изборите за Европскиот парламент.

Посочи дека сака „мажите и жените со добра волја кои можеа да кажат „не“ на крајностите да се здружат за да можат да изградат заеднички проект“ за земјата.

Гласањето ќе се одвива во два круга на 30 јуни и 7 јули. 

Зачлени се на нашиот е-билтен