Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Маричиќ: Опозиција да покаже одговорност со уставните измени и со реформите ако е навистина за ЕУ

„Во овој извештај како ретко досега со име и презиме е наведена ВМРО-ДПМНЕ опозициската главна партија како партија којашто ја блокира работата на Собранието и тоа се доведува во врска со тоа дека заради таа блокада има недостаток на реформи во делот на донесување на законите на време и планирање на мерките на време. На тоа сме сведоци секој ден, тоа не е ништо ново“, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во негово гостување на Вести на Канал 5 Телевизија.

Тој дополни дека сето тоа кажува дека одговорноста за реформите и за чекорите не е само кај владата туку и кај опозицијата, како и кај правосудните органи коишто треба да ги спроведуваат законите, но и дека навистина треба опозицијата да се замисли дали е вистински момент да се пружи рака, да се покаже дека имаме консензус за европски интеграции на дело.

„Забелешките во сите други области треба да ги земеме сериозно особено во делот на владеење на правото, судски совет и ние веќе работиме на нивно надминување. Ние сме поканиле мисија на ЕУ, оценска мисија којашто ќе даде препораки за работата на судскиот совет на чело со поранешен претседател на врховниот суд на Хрватска со намера токму да правиме нешто во врска со овие наводи од Европската Комисија“, потенцираше Маричиќ.

Тој заклучи дека истото важи и за кривичниот законик за кој се отворени дискусии и дека токму преку него ќе се исправи се она што сметаат од ЕК дека и од јавноста дека е проблематично.

„Опозиција е клучна да покаже едно ниво на одговорност и со уставните измени и со реформите ако сакаме да покажеме дека навистина сме за Европската Унија“, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во негово гостување на Вести на Канал 5 Телевизија.

Тој додаде дека со овој извештај заедно со скрининг извештаите добиени за првиот кластер се водич како да се направат клучни патокази и за да се исправат слабостите коишто ги имаме, а не за да се утврдува чија е вината.

„Нашиот дел поврзан со скринингот и овој извештај и поврзан со сите реформи го тераме редовно. Со завршување на процесот на скрининг работиме на утврдување на тие патокази и тука ќе си ги завршиме задачите. Ако не бидат направени уставните измени ќе застанеме по утврдување на тие патокази и нивното праќање во Брисел, затоа што за да се продолжи понатаму преговарачката рамка увврдува обврска да се донесат уставните измени“, потенцираше Маричиќ

Тој заклучи дека има впечаток дека опозицијата често како изговор користи критики или коментари од некои амбасади или пак во вакви извештаи како изговор за да не се направат уставните измени.

Треба да знаете
Moже да ве интересира