Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мицкоски ја задолжи државата, а сега бил разочаран зашто банките не сакале да го споделат ризикот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прашање на новинарите дали треба преку Буџетот да се субвенционираат каматните стапки за бизнисот во однос на кредитот од Унгарија нагласи дека не може да го сокрие неговото разочарување бидејќи очекувал сите заедно, како што рече, да работиме за интересот на државата и на граѓаните и секој да понесе дел од одговорноста.

  • Не очекував дека можеби така од другата страна ќе се потпреме на ризик повеќе, дека тие сепак сносат ризик, што е факт, нема дилема дека банките сносат ризик, но исто така и државата сноси ризик и граѓаните. Мораме заедно да го поделиме тој ризик, тоа беше суштината. Но, ние како Влада мораме да напривме се што е во наша моќ, да ја направиме економијата поконкурентна и да обезбедиме повеќе инвестиции, изјави денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски по извршениот надзор на патниот правец Прилеп-Битола, дел од Коридорот 10д.

Преку добар бизнис и здрава економска средина, дециден е Мицкоски, и граѓаните имаат бенефит, сите имаме бенефит и ние треба се да направиме тоа да се случи. Се што е во наша моќ како Влада, истакна, треба да нарпавиме да се случи.

  • Не можам а да не го сокријам моето разочарување. Очекував сите заедно да работиме за интересот и на државата и на граѓаните и секој да поднесе дел од одговорноста. Не очекувам некој да биде алтруиста, не очекував дека банките ќе бидат алтруисти, но исто така не очекував дека ќе се доведеме до една ваква ситуација. Но, тоа е што е, ние треба да се подготвиме и да го помогнеме бизнисот, бизнис околината треба да биде што е можно поздрава. Ние како Влада ќе сториме се што е потребно да ја направиме поконкурентна нашата економија, да ја зголемиме продуктивноста, да го зголемиме вложувањето во инвестиции што ќе донесат поголем извоз и повеќе пари во Буџетот, а со тоа повеќе пари за граѓаните, изјави премиерот.

Мицкоски информира дека се уште не се заврешни тие преговори и се очекува да се доближат уште повеќе ставовите.

  • Нашиот став е дека под истите услови сакаме тие 250 милиони да ги дадеме на бизнисот, за да може тој да се развива, односно 3,25 проценти каматна стапка, три години грејс период и дополнителни 12 години рок на отплата, вкупно 15 години, рече премиерот Мицкоски.

Зачлени се на нашиот е-билтен