Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Москва ќе ја апси Јулија Навална, сопругата на Алексеј

Суд во Москва ја отфрли жалбата на одбраната на наредбата за апсење во отсуство на сопругата на опозицискиот лидер Алексеј Навални, Јулија, која е обвинета за учество во екстремистички активности, објавија денеска руските медиуми.

Судот во официјално соопштение наведува дека мерката притвор изречена за Навална на 9 јули останува непроменета, бидејќи жалбата не е прифатена, пренесуваат руските медиуми.

Одбраната побара од Апелацискиот суд  во Москва да ја поништи одлуката на првостепениот суд како незаконска и неоснована.

Адвокатот кој ја бранеше Јулија Навални на судењето не ја коментираше пресудата. Расправата, инаку, беше затворена за јавноста.

Веднаш по одлуката на судот во Москова, првостепената одлука стапи на сила, и таа сега ќе биде уапсена секаде на руска територија.

Судот соопшти дека таа е обвинета дека креирала и дистрибуирала видеа на Интернет со цел да ги дискредитира властите и да собира донации за Фондацијата за борба против корупцијата, која е означена како екстремистичка организација во Русија и е забранета.

Руските медиуми наведуваат дека таа била обвинета во отсуство во рамките на кривично дело што е во тек од 2019 година, а според 12 члена од Кривичниот законик на Руската Федерација, вклучително и екстремистичка организација, измама и други дела, за кои претходно беше обвинет и нејзиниот сега покоен сопруг Алексеј Навални.

Федералната служба за финансиско следење на 11 јули ја додаде Навална на листата на лица и организации за кои има информации за вмешаност во екстремистички активности или тероризам.

Најново