Мотли е нов член на КК Црвена Ѕвезда

Кошаркарскиот клуб Црвена звезда го претстави третото засилување за новата сезона. По Крис Џонс и Дејвид Крамер, во Ѕвезда пристигна искусниот Џонатан Мотли, кој потпиша повеќегодишен договор.

Американецот пристигнува по две турбулентни сезони во Хапоел од Тел Авив. Претходно играше за Фенербахче, Локомотив Кубан, Инчеон, Лос Анџелес Клиперс и Далас Маверикс.

Мотли е висок 206 сантиметри и тежок 104 килограми, исклучително силен и одличен скокач. Тој носи многу енергија во тимот, многу скокови и одлично решение во рекетот во наредните сезони.

Во сезоната зад нас, Мотли имаше просек од 8,3 поени и 2,4 скока во 35 натпревари за Хапоел, во кои најчесто стартуваше како резерва

Најчитано