Во изминатите 24 часа загинаа најмалку 83 Палестинци при израелските напади врз Појасот Газа, соопшти палестинското Министерство за здравство.
Со тоа бројот на загинати Палестинци од 7 октомври, од почетокот на војната во Појасот Газа се зголеми на 30.800.
Најмалку 142 Палестинци беа повредени во последните напади, со што вкупниот број на повредени се искачи на 72.298.