„Во врска со последователните навредливи квалификации кон Бугарија и бугарскиот народ од официјални лица на Република Северна Македонија, категорично одбиваме да се вклучиме во таков неевропски, неспоив со доброто воспитување тон. Нашите партнери се известени за неиспровоцираните провокации, кои имаат за цел да го нарушат дијалогот. Уште еднаш потсетуваме дека развојот на добрососедските односи е клучен за европската иднина на Република Северна Македонија“, се вели во соопштението на на бугарското МНР.
Оваа реакција доаѓа по настапот на вицепремеиерот и министер за транспорт Александар Николоски вчера во гостување на ТВ Алфа, каде што за отсуството на македонското знаме на заедничката фотографија на Сиљановска-Давкова и Радев рече дека „очигледно домаќинот не е цивилизиран и дека помизерни од нив се само домашните слуги“.
Оваа реакција на Министерството за надворешни работи на Бугарија доаѓа само на десеттина часа пред посетата на шефот на Николоски, Мицкоски на Брисел, кој како што рече оди во ЕУ не за да ги претстави прогресот на реформите и Планот за раст, туку да се жали за болката и фрустрацијата и дека нема на витка кичма и да бакнува чевли.