Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Николовски: Како поволност од ИПАРД програмата на ЕУ овозможивме 70% кофинансирање за земјоделските проекти

„За младите земјоделци имаме две мерки за поддршка преку руралната прогама ставајќи на располагање грантови од 10.000 и 20.000 евра, а од 2017 година до сега оваа поддршка ја искористиле повеќе од 860 млади земјоделци. За младите земјоделци даваме поголема поволност и во ИПАРД програмата, со можност за кофинансирање до 70% од инвестицијата. Досега во ИПАРД 2 прогамата 859 млади земјоделци аплицирале и ја искористиле можноста која им се нуди, реализирајќи инвестиции вредни 9 милиони евра“, нагласи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на трибината во Струмица „Македонското земјоделство на европскиот пат“.

Тој додаде дека ни жената земјоделка веќе не е на маргините на општеството, туку преку конкретни мерки сите овие години се работи за подигнување и подобрување на нивниот стаус.

„Во 2019 година креиравме мерка за поддршка на жената земјоделка обезбедвуајќи грант поддршка до 3000 евра. Оваа поддршка од минатата година двојно ја зголемивме и сега изнесува 6000 евра. Досега преку сите повици имаме доделено повеќе од 300 договори за поддршка на жената земјоделка. Денес имаме и активна програма за поддршка на мајчинство со која обезбедуваме поддршка до 81.000 денари за жените земјоделки како надоместок за 9 месеци за породилно отуство, решаваме уште еден пробелем на жените земјоделки“, истакна Николовски во Струмица.

Министерот објасни дека се подготвени нови мерки насочени директно кон земјоделците чија основна дејност им е земјоделието.

„Преку новата мерка бизнис план обезбедивме грант поддршка до 10.000 евра за земјоделците да набават механизација и опрема, преку отворен повик во текот на целата година. До 10.000 евра грант поддршка за набавка на опрема обезбедивме и за малите производители на храна и малите семејни винари и 5.000 евра грант поддршка во набавка на опрема за малите дестилерии. Мерката која ја воведовме за зелена нафта, од 2024 година достигнува до 100%“, најави Николовски.

Треба да знаете
Moже да ве интересира