Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ОБСЕ има сериозни резерви за изборите во Азербејџан

Набљудувачите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) на изборите во Азербејџан соопштија дека има сериозни прашања во врска со пребројувањето на гласовите и објавувањето на резултатите од претседателските избори во земјата, што се одржаа еден ден претходно.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев е реизбран на функцијата со повеќе од 90 отсто од гласовите.

Активистите за човекови права предупредија дека овие избори во Азербејџан не биле ниту слободни, ниту фер.

Набљудувачката мисија на ОБСЕ извести дека гласањето се карактеризираше со отсуство на вистински политички алтернативи во ограничено опкружување и дека има индикации дека имало мамење со гласачките ливчиња, на начин што едно лице предавало повеќе пополнети гласачки ливчиња.

Официјален Баку се уште не го коментираше ставот на набљудувачката мисија. 

Зачлени се на нашиот е-билтен