Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Османи и Стојковски: Одлагањето на уставните измени ја става Северна Македонија во ризик и во други комбинаторики

Во анализа за порталот Рацин.мк министерот за надворешни работи Бујар Османи коментира дали е сѐ уште е во опција најавата дека 2030 година може да биде година за членство на Северна Македонија во ЕУ.

– Да, ние сметаме дека 2030 може да биде година до кога би можеле да станеме членка на ЕУ како што е сега и под овие услови за сите земји членки. Секое одложување после таа година станува ризик и дека можеме да влеземе во други комбинаторики – предупредува министерот за надворешни работи Бујар Османи. 

Се чини дека во таква констелација со право се и другите предупредувања како она кое потсетува дека и Брисел и пошироката межународна заедница, пред сѐ САД, веќе нема да имаат причина прашањето на ервоинтеграцијата на Западен Балкан да го гледаат во „двојки“ или „групно“.

Во таа насока е и укажувањето на Андреја Стојковски, извршен директот на Институтот Преспа во анализата на рацин.мк, дека доколку Северна Македонија не го направи сама следниот чекор кон ЕУ со уставните измени, сосема извесно е дека Албанија ќе се издвои затоа што секое одлагање на напредокот на оваа земја заради неодлучноста на Северна Македонија ќе се смета за неодржливо. 

– Разделувањето на Албанија и Македонија е конечно возможно! Овој пат ниту една од државите членки нема да се воздржи, да се замисли или да одлучи да не ја поддржи и Албанија затоа што овде кај нас доцниме со „домашната задача“. Уставните измени се незначителни, ќе бидат само потврда на она за кое што долго време зборуваме, дека Македонците и Бугарите се во суштина два различни народи или, ако така сакате, етнички групи – истакнува извршниот директор на Институтот Преспа Андреја Стојковски.

Треба да знаете
Moже да ве интересира