Османи на Регионалниот форум на Унијата за Медитеранот во Барселона

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска и утре ќе учествува на Регионалниот форум на Унијата за Медитеранот во Барселона. 

Османи, како што информира МНР, е поканет од високиот претставник и потпретседател на Европската комисја Жозеп Борел и заменик-премиерот и министер за надворешни работи Кралството Јордан Ајман Сафади.

Осмиот регионален форум на Унијата за Медитеранот ќе ги собере министрите за надворешни работи на 43 земји членки на Унијата за Медитеранот.

Во фокусот на дискусиите, како што се наведува, ќе биде ситуацијата во Израел – Палестина и последиците за регионот на Блискиот Исток.

Треба да знаете
Moже да ве интересира