Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Основана е 2022 година – Со што се занимава компанијата од Будимпешта што ги произведе пејџерите?

Пејџерите AR-924 што ги користеа милитантите на Хезболах беа произведени од BAC Consulting Kft., кои работат во Будимпешта, Објави Асошиејтед прес повикувајќи се на објавата на тајванскиот Gold Apollo кои велат дека нивниот бренд било дозволено да биде впишан на пејџерите, но тие биле произведени од друга компанија со седиште во Будимпешта.

-Согласно договорот за соработка, го овластивме BAC Consalting Kft. да го користи нашето брендирање за продажба на производи во назначените региони, но дизајнот и производството на производите се единствена одговорност на Компанијата во Унгарија, велат тие

Според податоците од информацискиот систем на компанијата Opten во Унгарија BAC Consulting Kft. е основана во 2022 година.

Основната дејност на компанијата е деловен менаџмент и други менаџмент консалтинг, а нејзиното седиште е на Szőnyi út во Zugló. Според податоците на јавното претпријатие, управен сопственик на компанијата е извесна Барсони-Арцидијаконо Кристиана Росарија, жител на Будимпешта.

Унгарскиот медиум 24 часа ја контактирал компанијата испратиле прашања и до премиерот Виктор Орбан дали се запознаени со случајот или имаат добиено информации од странство, но не одговориле.

Пејџерите што ги користеа членовите на Хезболах за комуникација експлодираа на неколку места низ Либан во исто време. Во експлозиите загинаа девет лица, меѓу кои и едно дете, а 2.800 луѓе беа повредени. Хезболах го обвинува Израел за акциите.

Засега не е откриено како и кога експлозивниот материјал влегол во илјадниците направи, кои според експерт за муниција би можеле да бидат меѓу 10 и 20 грама експлозив од „воена класа“.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново