„Пархезија“ – нов блог на аналитичарот Ненад Јовановиќ

Македонскиот аналитичар Ненад Јовановиќ отвори нов блог каде ќе ги објавува своите анализи, коментари и осврти на македонската општествено политичка сцена.

„Parrhesia“ ќе биде место за поетска правда, филозофија и општествена критика без страв. Првиот есеј излегува во сабота. Во зависност од времето, секоја сабота ќе се обидам да објавувам по еден текст/есеј. Досега не прочитани и не објавени“ вели Јовановиќ.

Јовановиќ додава и дека текстовите на блогот ќе бидат објавувани исклучиво на англиски јазик.

Ненад Јовановиќ е долгогодишен македонски активист и аналитичар а неговите јавно изнесени ставови неретко отвораат широки полемики во македонскиот интернет простор.

Најчитано