Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Петровска: Дел од Европскиот Фронт ќе бидат политички партии кои ја делат заедничката визија

„Ние понудивме концепт за идниот тек на патот на нашата држава и го нарековме европски пат, така као што сметаме дека државата треба да продолжи. Кои партии ке прифатат да бидат дел од тој европски блок, ќе видиме. Тоа ќе бидат политички партии кои ја делат заедничката визија за Република Северна Македонија како европска држава и држава членка на ЕУ, покрај тоа што го постигнавме и најголемиот успех досега , а тоа е членството во НАТО алијансата. Очекувам во тој блок да се приклонат и да го подржат политички партии кои се со европска ориентација. Тие што сакаат Северна Македонија да продолжи на патот кон ЕУ без притоа да предизвикуваат или создаваат некои нови препреки, туку напротив, со носење на одлуки кои се тешки но, треба да гледаат подалеку од сопствените интереси и рејтинзи,“ рече министерката за одбрана и претседавач на Централниот одбор на СДСМ, Славјанка Петровска, во емисијата Само Интервју на Канал 5 Телевизија.

Петровска во врска со анкетите кои излегоа во јавноста посочи дека, тоа е еден сегмент, но се прават подлабински анализи.

„СДСМ јасно кажа и ќе повторуваме дека сакаме целосна интерграција на земјата во ЕУ , тоа е единствениот пат кој треба да го одбереме сите заедно,“ рече Петровска.

Албанската  опозиција треба да се занимава со прашања кои се од интерес на државата, смета Петровска.

„Жалам што сè уште во Северна Македонија постојат предзнаци на албански  и македонски  партии, мислам дека треба да се издигнеме на едно повисоко ниво, а тоа е кога зборуваме за европска интеграција на нашата држава, треба да зборуваме за политички партии по однос на нивната идеологија и то ашто сакаат да го постигнат. Интерес на секоја опозиција е да дојде на власт, меѓутоа, како ќе дојдат на власт и што ќе направат  и како ќее се претставите пред граѓаните и каква прогресивна програма ќе претставитее  е обврска и на нив и на политичките партии кои се дел од власта,“ рече Петровска.

Таа посочи дека навлегување на една иста националналистичка  реторика кој е поголем албанец или македонец, не враќаат наназад , таа реторика ја имавме порано и е завршена.

„Знаеме кои сме македонци, кои сме турци, роми..но, исто знаеме дека секој еден од нас без разлика што сме,  кои од нас работиме за интересите на државата, а кои против. Се помалку ќе се зборува за реална програма и предлози, мерки и активности, како се наближуваат изборите, кои се дел од она што граѓаните од нас очекуваат да видат, дел од нивното секојдневно живеење, а се повеќе ке ја гледаме и слушаме таа националистичка реторика. Не мислам дека ако имаме позасилена националистичка реторика, сме поголеми патриоти, поголем патриот е оној кој ќе гип одобри условите за живот во државата,“ посочи Петровска.

„Не сум прочитала ни дека има некоја држава во која одредена политичка партија номинира свои министри, а не гласа за нив. Но, веројатно одреден политички ситуации во државата не само сега туку и изминатиот период не прават да се разликуваме од останатите.  Техничка е владата зашто сме пред избори , меѓутоа оваа влада и сите институции треба да гарантираат дека сите обврски и надлежности ќе ги исполнуваме онака како што е предвидено и нема да попречиме во нормалното функционирање на државата. Покрај тоа што фокус се изборите, се разбира си ги извршуваме и секојдневните активности секој од своја надлежност. Во врска со вашето прашање, на Алијанса и превирањата што тие внатре ги имаат во нивната политичка партија, од тој аспект јас не би навлегувала да ги анализирам случувањата во нивната партија, меѓутоа ќе кажам дека она што е предлог на претседателот на владата, Џафери, кој е веќе предложен во Собранието, а тоа е замената на двајцата министри, се надевам дека ќе биде подржан,“ рече Петровска.

Таа посочи дека СДСМ ги следи изјавите дадените во јавноста од Таравари кои се во насока дека гледаат преспектива во опозициониот блок. Петровска посочи дека ако сметаат дека опозициониот блок дава подобри шанси, зошто воопшто седат во владата и седењето во влада кога се на став дека подобра е опозицијата нема логика.

„Многу длабоко навлеговме во тоа што се случува во албанските партии,и за тоа дали е некој против ДУИ, а во државата на маса имаме нерешени прашања кои треба да ги решиме час поскоро за доброто на државата. Се заглавивме во дисикусија што се случува во нив. Она што е најважно за секој кој учествува во политиката особено во наредниот период како ќе доаѓаат изборите, е да бидеме чесни и одговорни пред сопственото гласачко тело, пред граѓаните. Едцноставно да бидеме искрени и чесни. И да кажеме кој е планот на секој од нас и како политичари и како претставници на политички партии.

Таа посочи дека не е само врз основа на Фејсбук статус на Таравари. Како и дека денес се одржува состанок на Таравари, и ако утре се носи одлуката, можеби ќе се случи некој пресврт. Но, Претседателот на Владата,  Џафери, вели Петровска,  сигурно добил предлог од политичката партија врз основа на што го доставува за разрешување и  назначување на нови министри во Собранието.

Треба да знаете
Moже да ве интересира