Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

По повод смртта на Навални: ЦИВИЛ со протестно писмо пред руска амбасада, в понеделник напладне

На 16 февруари, згасна животот на легендарниот борец за демократија и човекови права во Русија, Алексеј Навални. Го уби режимот на воениот злосторник и диктатор, Владимир Путин.

На собирот, претставници на ЦИВИЛ ќе прочитаат протестно писмо на македонски, албански и англиски пред руската амбасада во Скопје, в понеделник, 19 февруари, во 12 часот.

Со овој чин, ЦИВИЛ, како организација за човекови права и слободи, се придружува кон илјадниците граѓанки и граѓани низ целиот свет кои изразија протест против диктаторскиот режим на Путин, чија жртва е големиот руски борец за демократија, Алексеј Навални.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

Треба да знаете
Moже да ве интересира