Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Поповски: Зелената агенда не е само екологија, туку е развојна политика

За тоа колку всушност е реална зелената агенда на Северна Македонија, дали се поседува институционално и системско знаење што претставува Зелената агенда, кои се перспективите, а кои предизвиците во нејзино спроведување, постои ли политички консензус околу зелените прашања, зборува Тони Поповски,  архитект, екологист, политиколог, независен консултант и колумнист на  денешниот панел во организација на Зелен Цивил, „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?“

Поповски посочи дека Зелената агенда треба да биде на високо ниво на политичката агенда на владата и собранието, и дека треба да има и финанскиски одвојувања.

„За да одговориме на прашањето колку е реална македонската зелена агенда, треба си поставиме две прашања. Првото прашање е колку зелените политики се високо на политичката агенда на владата и собранието, и второто прашање е финансиските одвојувања, бидејќи, во спротивно, би била некаква реторика. Додека тие идеи и мерки навистина бараат големи финансиски одвојувања, вели Поповски.

Зелената агенда не е само екологија, туку е развојна политика, вели Поповски.

„Кај нас, како зелена агенда, со тој наслов ние немаме формирано политика. Имаме низа стратегии, политики и акциски планови кои ги во овој контекст ги носи министерството за просторно планирање. Најблиску кон овој термин е зелената агенда за Западен Балкан. Таа е дериват на европскиот зелен договор, во смисла дека целите на зелената агенда за Западен Балкан, се изведени од целите на зелениот договор.  Маја укажа дека  практично се работи за клучната развојна политика на Европската унија. Не е само екологија, туку говориме за сеопфатна, развојна политика. За неа се одвојуваат големи средства, се работи за 1,8 трилиони евра, фондови наменети за пост -КОВИД обнова, инаку се средства со кои треба да се надминат овие проблеми кои ги предизвика пандемијата, и плус на овие средства и седумгодишниот буџет на Европската унија, што значи дека има сериозен базен на финансиски средства во позадина на зелениот европски договор.

На некој начин, тоа е направено и за Зелената агенда за Западен Балкан, бидејќи има финансиски инструмент поврзан со оваа платформа, и се нарекува економски и инвестициски план за Западен Балкан.“, посочува Поповски.

Панелот се пренесува во живо на Фејсбук страницата на Зелен ЦИВИЛ и на Јутуб каналот на ЦИВИЛ.

Панел –дискусијата е дел од  проектот „Зелен форум“  што Зелен ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.

М. Д. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира