Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Потрагата по исчезнатата Вања Ѓорчевска продолжува, ако имате било каква информација пријавете на 192

Сè уште трае потрагата по исчезнатата Вања Ѓорчевска. Да потсетиме вчера наутро во 7 часот и 20 минути утрото, 14 – годишната Вања Ѓорчевска, ученичка во ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, излегла од дома и се упатила кон училиштето кога ѝ се губи секоја трага.

Во објавата на МВР стои незјиниот опис: висина 175 см, тежина 58 кг, коса темно кафеава, очи кафеави, носи протези на горни и долни заби, има бемка на десна страна од лицето. Облечена во плав блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии.Со себе носи школски ранец и мобилен телефон марка Ајфон.

Се молат граѓаните сите информации за Вања да ги достават до најблиската полициска станица, или да се јават во МВР, на дежурниот телефонски број 192 во текот на целиот ден.

Редакција Трн

Треба да знаете
Moже да ве интересира